четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 19 загинати во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан

Најмалку 19 загинати во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави денеска официјален претставник за ДПА.

Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој.

– Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или жени. Извадивме околу 12 тела, изјави очевидец за локалната телевизија TOLOnews.

Портпаролот на Министерството за јавни работи Хамидулах Мусбах изјави дека инцидентот се случил во синоќа поради „технички проблеми“ и пожарот предизвикан од експлозијата потоа се проширил на возилата во близина.

Според властите, пожарот е ставен под контрола по неколку часа, но тунелот што го поврзува северот на земјата со главниот град Кабул и понатаму е затворен за сообраќај.