Најмалку 20 луѓе загинаа при бомбардирање на подрачје под контрола на Исламска држава во источниот дел на Сирија, јави сириската новинска агенција САНА.
Додека според Сириската опсерваторија за човекови права во бомбардирањето на селото Бегуз загинаа 23 лица од кои 10 припадници на ИД.
И според САНА и невладината организација со седиште во Лондон, бомбардирањето го извела коалицијата предводена од САД.