петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 26 загина во воздушни напади во Турција и Ирак

Најмалку 26 загина во воздушни напади во Турција и Ирак

Најмалку 26 екстремисти се убиени во турските воздушни напади на југоистокот на Турција и северен Ирак, соопшти турската војска.

Во нападите уништени се и нивните магацини за муниција, но и засолништата, јавува Ројтерс.

Нападите се изведени во последните два дена во провинцијата Дијарбекир и Сирнак, како и во областите на северен Ирак, каде што Курдката Работничка Партија (ПКК) има своја база, соопшти турската војска на Твитер.

Турската партија ПКК, која од 1984. година води бунт на југоистокот на Турција е прогласена за терористичка организација. САД и Европската унија исто така, ги сметаат ПКК за терористи, пишува Ројтерс.