среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 50 луѓе настрадаа во монсунско невреме во Пакистан

Најмалку 50 луѓе настрадаа во монсунско невреме во Пакистан

Најмалку 50 луѓе настрадаа во текот на тридневните обилни врнежи од дожд, поплави и лизгање на земјиштето во Пакистан, соопштија властите на земјата.

Како што пренесуваат странските агенции, секоја година многу пакистански градови се обидуваат да се справат со монсунските поплави, што ги става пакистанските власти под постојани критики за лошо планирање на инфраструктурата.

Сезоната на монсуните трае од јуни до септември, а во овој период поплавите предизвикуваат голема штета на земјоделството и инфраструктурата.

Дождовите оштетија околу 100 домови и предизвикаа поплави во провинцијата Синд, поради што премиерот Имра Кан нареди војската да се вклучи во спасувачките операции, која од неодамна ги користи бродовите на морнарицата за спасување и евакуација на загрозените.

Според прогнозата на метеоролозите, обилните врнежи од дожд ќе продолжат и во текот на следната недела.