среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку четворица повредени во пожар во метро-станица во Берлин (ВИДЕО)

Најмалку четворица повредени во пожар во метро-станица во Берлин (ВИДЕО)

Најмалку четири лица се повредени, едно потешко, во пожарот што избувна во метро-станицата „Онкел Томс Хит“ во Берлин.

Пожарот избувнал доцна синоќа и 120 пожарникари сè уште се борат со него, но тие изјавија дека, во најголем дел, успеале да го стават под контрола.

Засега не е позната причината за пожарот, јави АП, повикувајќи се на ДПА.

Огнот брзо се проширил во две продавници и неколку луѓе кои живееле во близина морале да ги напуштат своите домови поради чадот.