петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку двајца загинаа во руските напади врз Херсон во Украина

Најмалку двајца загинаа во руските напади врз Херсон во Украина

Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во руските напади врз градот Херсон во јужна Украина, изјави утринава гувернерот Олександр Прокудин.

-Во овој момент имаме информации дека двајца цивили загинале, напиша гувернерот на регионот Херсон на Телеграм.

Тој додаде дека четири лица се префрлени во болница, а на еден повреден цивил му била укажана помош на лице место.  (МИА)