петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку двајца загинати во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск

Најмалку двајца загинати во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск

Руска ракета доцна синоќа уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск, а во нападот загинаа најмалку две лица, додека седум се повредени, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

„Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на нападот за да ги проверат урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под неа“, напиша Кириленко на Телеграм.

Во руски ракетан напшад минатиот месец , исто така, врз станбена зграда во источниот град Дњепар загинаа најмалку 44 лица

„Ова не е повторување на минатото, тоа е секојдневната реалност на нашата земја – земја со апсолутно зло на своите граници“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

Во посебен твит, Зеленски напиша дека „единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи – со тенкови, борбени авиони, проектили со долг дострел“.

Украина, која минатата недела обезбеди ветувања за борбени тенкови, сака нејзините сојузници да ја снабдуваат со авиони ловци и проектили.

Кириленко објави слика на која се гледа четирикатница која претрпела големи оштетувања.

Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура, обвинение што Москва рутински го негира.