Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во експлозија на гас во Балтимор, каде под урнатините има и неколку деца.
Според првите информации, загинала една жена, а четири лица се хоспитализирани со сериозни повреди.
Експлозијата уништила три куќи и оштетила четврта, а остатоците биле расфрлани низ целата населба. На многу куќи од експлозијата испукало стакло.
Иако пожарникарите официјално објавија дека станува збор за експлозија на природен гас, причините за несреќата се испитуваат.