четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осум жртви во невреме во западна Русија

Најмалку осум жртви во невреме во западна Русија

Најмалку осум лица загинаа, а десет се повредени во невреме во западна Русија, соопштија денеска локалните власти.

Жртвите биле во група туристи кои кампувале во близина на езерото Јалчик.

– Според последните информации, загинаа осум лица, изјави градоначалникот Јошкар-Оле.

Сите повредени се пренесени во болници.

Во силното невреме што вчера ја зафати западна Русија, илјадници домови останаа без струја.  (МИА)