Најмалку осум луѓе загинаа, а 15 се повредени во два напада врз безбедносните сили во југозападната пакистанска провинција Белуџистан, соопшти армијата.
Нападите беа извршени денеска пред најавената посета на премиерот Имран Кан на Кета и на историската локација во градот Зиарат.
Првиот напад бил во близина на главниот град на провинцијата Белуџистан, Кета, а другиот во градот Турбат.
Во првиот инцидент милитантите нападнаа контролен пункт на безбедносните сили на периферијата на Кета бил, а армијата возврати при што загинаа четворица војници и четири бунтовници, а најмалку шест војници се повредени.
Милитантите поставиле импровизирана експлозивна направа во Турбат и ја активирале кога поминувало безбедносно возило. Во нападот повредени се два пакистански војници.
Белуџистан е најголемата, но најмалку населена и најмалку развиена провинција во Пакистан и е место на вооружена сепаратистичка кампања од бунтовниците Белуџ најмалку една деценија.
Одговорноста за нападите ја презеде Ослободителна војска на Белуџ (БЛА), која соопшти дека ќе продолжи со нападите до „возобновување на националната држава Белуџ“. (МИА)