Најмалку тројца припадници на мировните сили на Обединетите нации во Мали се убиени, а четворица се сериозно повредени во експлозија на импровизирана експлозивна направа за време на рутинска патрола, објавија синоќа ОН.
– Ќе ги обединиме сите напори да ги идентификуваме и уапсиме одговорните за овој терористички напад, за да можат да одговараат за сторените злосторства, се вели во соопштението на Махамат Салех Анадиф, шеф на мисијата на ОН во Мали.
Нападот се случил во северниот регион на Мали.