Несреќата се случила во фабриката „Есплоденти Сабино“ во Касалбордино, град во близина на италијанскиот брег на Јадранот, на околу 260 километри јужно од Рим.
„Ме известија дека загинаа три лица, но не знам дали има повредени“, изјави градоначалникот на Касалбордино, Филипо Маринучи, за италијанскиот јавен сервис РАИ.
Пожарникарите пристигнале на местото на трагедијата, а сообраќајот на блискиот автопат и пруга е прекинат. (МИА)