Шпанија го забележа најтоплиот октомври од почетокот на официјалните записи во 1961 година, објави државната метеоролошка служба АЕМЕТ.
Метеорологот Рубен дел Камбо од АЕМЕТ изјави дека, доколку се извлечат поединечни податоци од претходните години, тогаш октомври оваа година е веројатно најтоплиот во претходните 100 години, објави веб-страницата „Шпанија на англиски“.
АЕМЕТ изјави дека секој ден од месецот, со исклучок на 1 октомври, бил потопол од просекот за овој период од годината, со температури над 30 степени во голем број шпански градови.
Минатиот четврток, на 27 октомври, во Морон де ла Фронтера во провинцијата Андалузија, температурата беше 34,5 степени, а во Кордоба и Севиља 30 Целзиусови степени.