недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Напад на метро станица во Брисел- со нож избодел неколку лица

Напад на метро станица во Брисел- со нож избодел неколку лица

Неколку лица попладнево се повредени во напад со нож на метро станица во Брисел, наведува белгиски „Ле Соар“.

Нападот се случил, околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој е уапсен, пренесува британски „Експрес“.

Според неофицијални информации на градските власти, нападот не е терористички акт, туку е од приватни причини.

Според сведок на инцидентот, цел на напаѓачот биле жени.

Друг сведок,пак, наведе дека најмалку една жена се здобила со убодна рана на вратот.

Според првичните сознанија, човекот прво со ножот нападнал патници во возот, а потоа се симнал од возот и почнал да напаѓа други луѓе.

Полицијата потврди дека се случил инцидентот. (МИА)