Две лица се убиени и над 20 ранети во напад во клуб во Хајалија во американската држава Флорида. Тоа го објави на Твитер шефот на полицвијата во округот Мајами-Дејд, Алфредо Рамирес.
– Уште еден акт на насилство во кој е употребено огнено оружје и ранети над 20 лица, и две се убиени, објави тој.
Рамирес додаде дека станува збор за организиран напад.
На местото на нападот запрел џип Нисан од кој излегле три лица и почнале да пукаат во толпата која се собрала за да проследи концерт. (МИА)
LATEST: **NWMD mass shooting**
– MDPD: “targeted act of violence”
– 20-25 people shot, 2 dead
– Happened at El Mula Banquet Hall. Concert was happening
– 3 ppl pulled up & started shooting
– Police looking for white Nissan Pathfinder @WPLGLocal10 pic.twitter.com/2nyw3P1vzS— Alex Finnie (@alexfinnieWPLG) May 30, 2021