недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Напад во Мексико: Четвори загинати, меѓу нив има и деца

Напад во Мексико: Четвори загинати, меѓу нив има и деца

Четири луѓе, меѓу кои две деца се убиени на југот на Мексико, во државата Гереро, соопштија локалните власти.

Вооружени мажи пукале на возило во кое се наоѓале жртвите на еден локален пат, соопши портпаролот на полицијата во таа држава, Роберто Алварез, пренесува АП.

Мотивот за нападот, кој се случил на околу 50 километри северзападно од Акапулко, засега не е познат.