вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Напад врз Центарот за обука на разузнувачката служба во Кабул

Напад врз Центарот за обука на разузнувачката служба во Кабул

Вооружена група денеска започна напад врз Центарот за обука на разузнувачката служба на Авганистан, што се наоѓа во авганистанскиот главен град Кабул.

Полицискиот претставник Абдул Рахман изјави дека напаѓачите, чии број засега не е познат, пукаат врз Центарот од објект во близина.

Рахман нагласи дека истрелите врз Ценатрот засега се спорадични и дека нема информации за евентуални жртви.

Авганистанските безбедноси сили го блокираа реонот околку Центарот, а очевидци тврдат и дека се слушнала најмалку една експлозија.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но воените објекти во Авганистан често се цел на акции на талибанските бунтовници.

Ова е четврти напад во Авганистан во изминативе три дена.

Вчера попладне, најмалку 48 лица загинаа, а 67 беа повредени при самоубиствен бомбашки напад пред станбена зграда во претежно шиитска населба во западниот дел на Кабул.

Претпладнето, пак, најмалку 44 авганистански војници и полицајци загинаа при напад на талибанците врз воена база во северната провинција Баглан.

Во вторникот, талибанците нападнаа и воена база во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан, при што загинаа најмалку 17 авганистански војници, а 19 беа повредени.

МИА