Русија е целосно одговорна за овој конфликт и светот мора да го осуди. Ова се наведува во соопштението на шефовите на држави и влади на земјите од НАТО, усвоено на денешниот вонреден состанок на интернет.
-Никој не треба да биде измамен од бранот лаги на руската влада. Силно ја осудуваме целосната инвазија на Русија на Украина со поддршка на Белорусија, се вели во соопштението.