бигејл Дизни, наследничката на империјата „Дизни“ јавно изразила незадоволство поради големите разлики во платите меѓу директорот на компанијата Боб Игер и вработените во „Дизни“.
Платата од 65,5 милиони долари која годишно ја прима извршниот директор на компанијата не е нормална. Како е можно некој да прима дури 1.424 пати повисока плата од своите работници?, истакнала внуката на основачот на компанијата, Ебигејл Дизни, која смета дека толку високите плати имаат „нагризувачки ефект на општеството”.
Наследничката на богатството на Волт Дизни пресметала дека Игер од сопствен џеб можел да одвои 15 проценти зголемување на платата за сите вработени во „Дизни“, а платата да му биде 10 милиони долари.
Дизни, како што нагласила, е голем фан на Игер, но едноставно не се согласува со фактот дека за една година платата му пораснала за неверојатни 80 проценти.
Инаку, ова не е прв пат наследничката на „Дизни“ и хуманитарка да ја критикува директорската плата. На почетокот на оваа година исто така ја коментирала заработката на Игер.
Никој на земјата не би требало да има 700, 600, 500 пати повисока плата од своите работници. Дури ни платата на Исус Христос не би смеела да биде 500 пати повисока од таа на неговите работници. Да може, со закон би ги забранила приватните авиони, бидејќи на одредени луѓе едноставно им овозможуваат да ја заобиколат реалноста, истакнала Дизни, која од својата 21-ва година, како што нагласила, дала 70 милиони долари во хуманитарни цели.