Портпаролот на украинската армија Антон Миронович изјави дека засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар западно од Лавов, пренесува Интерфакс Украина.
Овој напад е значаен бидејќи е блиску до Полска и се смета за предупредување до НАТО, кој често ја користи базата како место за обука.
Лавов и неговата околина досега не биле цел на руски напади, а во градот се засолнети и бегалци и западни дипломати кои останале во Украина.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, го потврди нападот и повика да не се објавуваат фотографии и видеа од местото на настанот.