Босанскиот човекојадец, кој си ја јадел сопствената мајка, ги шокира сите присутни на судењето, а неговиот адвокат се онесвести.
Истражниот судија има тешка задача да ги слушне страшните сведочења на 33-годишниот Сабахуди Велиќ, кој си ја заклал сопствената мајка, а потоа ја печел и со денови ја јадел. Тој тврди дека бил под црна магија.
Претходно канибалот го убил кучето и го распарчил неговото тело. За време додека раскажувал за кучето, тој се расплакал, но кога зборувал како ја убил мајка си, не покажувал емоции.
Тој раскажа дека пред да ја убие мајка си ја прашал дали е задоволна од него.
Таа му дала потврден одговор и се свртела. Во тој момент ја удрил со секира по тилот и ја убил. Локалните адвокати не сакале да го прифатат овој случај, а единствениот што го одредил судот, се онесвестил при раскажувањето на деталите за ужасното убиство.
Сабахудин остатоците од телото на мајката ги закопал низ дворот, каде со багер беа пребарувани и раскопувани. Тој е одвоен од другите затвореници во притворот, а оди во прошетка низ затворскиот двор само со полициска придружба.