Патничкиот авион Ан-24 од авио-компанијата „Ангара“ принудно слетал на аеродромот во Буријатиј и во таа прилика двајцата пилоти загинале, а сите патници биле спасени.
Како што прецизираат медиумите, сите 42 патници и едно дете се извлечени од авионот, а 19 од нив биле пренесени во болница затоа што се здобиле со повреди.
Веднаш по полетувањето на авионот пилотите сфатиле дека еден мотор откажал, па одлучиле да се вратат.
Според плениминарните информации, при слетување, авионот излетал од пистата на 100 метри, удрил во објект за прочистување вода и се запалил.
Первые секунды после крушения Ан-24 в Нижнеангарске pic.twitter.com/eIuGnR1mI8
— АРТЕМ КЛЮШИН (@ARTEM_KLYUSHIN) June 27, 2019