Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војската ќе продолжи да ги напаѓа израелските непријатели, вклучувајќи и „тајни мисии“.
Нетанјаху рече дека Израел се наоѓа во „многу осетливо“ безбедносно опкружување на север, југ и исток.
– Ние ќе продолжиме да дејствуваме на сите фронтови за да обезбедиме безбедност на Израел, со отворени и тајни средства, на море, во воздух и на копно, рече Нетанјаху.
Тој ова го изјави на неделниот состанок на кабинетот, еден ден откако Израел погоди во голем број локации поврзани со лидерите на Хамас во Газа, како одговор на ракетниот оган што беше истрелан од таа територијата.
Иако се уште никој не презеде одговорност за истреланите ракети, Израел смета дека Хамас е одговорен за сите напади кои доаѓаат од таа територија.