сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Невидено злосторство во Швајцарија: Баба убила момче (7) од Косово додека се враќало од училиште (ФОТО)

Невидено злосторство во Швајцарија: Баба убила момче (7) од Косово додека се враќало од училиште (ФОТО)

Седумгодишното момче Мергим Л. до смрт е избоден на улица во четвртокот во Базел во Швајцарија, додека се враќал од училиште, а за убиството осомничена е пензионерка (75) која се предала на полицијата.

-Ученикот е нападнат во 12.45 часот додека сам се враќал од училиште, соопшти полицијата. Неговата учителка додека поминувала покрај местото на злочинот го пронашла тешко повреденото момче во локви крв и веднаш повикала брза помош, но момчето му подлегнало на повредите откако беше примено во болница.

75-годишната старица се предала на полицијата притоа признавајќи го и делото, но не ја открила причината за злочинот кој што го направила.

Бабата е уапсена, а полицијата се обидува да дознае дали осомничената е поврзана на некој начин со детето и со неговото семејство.

Како што дознава швајцарскиот весник Блиц, момчето потекнува од поранешна Југославија, наводно од Косово.

На местото на трагичниот настан шокираните граѓани оставаат цвеќе и палат свеќи за убиеното момче.