Владата на САД ја разгледува можноста да произведува оружје заедно со Тајван.
Информацијата денеска беше објавена во јапонскиот весник „Никеи“, кој се повикува на три извори.
Вашингтон сака да го засили производствениот капацитет за оружје дизајнирано од САД и да го забрза неговиот трансфер како дел од потегот за зајакнување на одвраќањето кон Кина, пишува „Никеи“.