сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нивото на водата се зголеми за пет метри по експлозијата на браната Каховка

Нивото на водата се зголеми за пет метри по експлозијата на браната Каховка

Нивото на водата околу браната Нова Каховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови низводно веќе се целосно поплавени, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на локалните власти.

Засега 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужна украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на брана, изјави во вторникот прорускиот гувернер на регионот, пренесува руската новинска агенција РИА.

Украинскиот премиер Денис Шмихал одделно изјави дека до 80 населени места се изложени на опасност од поплави откако браната беше оштетена.

Проруски функционер во градот Нова Каховка изјави дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани откако била пробиена браната во близина. ТАСС го цитира и рускиот градоначалник на Нова Каховка, Владимир Леонтјев, кој рекол дека дел од градот е исклучен од снабдувањето со електрична енергија поради безбедносни причини.

Руски функционер во украинскиот град Новаја Каховка во вторникот изјави дека најверојатно ќе биде невозможно да се поправи браната, откако експлозија предизвика дупка во структурата.

Во коментар за руската државна телевизија, Владимир Леонтјев рече дека оштетувањето на браната е резултат на серија украински удари, пренесува британската агенција Reuters.

Хидроцентралата Каховка е „целосно уништена“ и не може да се обнови по детонација во машинската просторија, соопшти во вторникот украинската државна компанија за управување со хидроцентралите.

Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во вторникот соопшти дека нема закана за нуклеарната централа Запорожје на територијата која од ланскиот февруари е под контрола на Русија, откако беше пробиена блиската брана. Директорот на нуклеарната централа Запорожје, одделно рече дека нема ризик за безбедноста на објектот во изјавата на Телеграм.

Ниту еден метар не треба да им се остави затоа што секој метар го користат за терор“.