САД воведоа ограничувања за продажба на некои високотехнолошки компјутерски чипови на Русија и Кина, објави денеска Њујорк тајмс.
Според весникот, новите ограничувања се однесувааѕ на моделите на чипови од висока класа како графички процесори (ГПУ).
Во изминатите децении тие технологии се применувале во најмоќните суперкомпјутери кои се употребувани од научниците и интернет компаниите.
Сега САД бараат извозни лиценци за продажба на такви производи бидејќи „тие можат да бидат искористени или пренаменети за воени цели, во Кина и во Русија“, прецизира Њујорк тајмс.