Најмалку 125 лица загинаа во песочна бура која го погоди северот на Индија, соопштија локалните власти.
Силниот ветер оштети многу села и рушеше ѕидови, наведува Би-Би-Си. Сојузните држави Утар Прадеш и Раџастан е најтешко погодени во бурата. Официјални лица од Утар Прадеш наведуваат дека ова е најголемиот број на жртви во ваква бура во последните 20 години.
Се стравува дека бројот на жртвите би можел да порасне, а метеоролозите предупредуваат дека бурата ќе зафати поголема област на Индија пред викендот.
Најголемиот број на жртви, настрадале од паднати дрва и ѕидови кои се рушеле поради силниот ветер кој достигнувал и брзина до 130 километри на час.
Премиерот на Индија на Твитер изрази жалење на изгубените животи. Властите во Утар Прадеш соопштиле дека семејствата на загинатите ќе добија отштета во износ од околу 6.000 долари.
Footage of deadly and powerful #duststorm and rain swept toward the parts of #Bikaner in the north and western India at least 110 people were killed and over 160 injured people in rain and dust storms with wind speed up to 80mph. pic.twitter.com/lMjdVO75k3
— Joint Cyclone Center (@JointCyclone) May 3, 2018
Dramatic video shows a wall of dust sweeping across a northern Indian city. Dust storms have been responsible for at least 77 deaths in Northern India Thursday. https://t.co/Qy20ijVyWm pic.twitter.com/NAWnCkZ29A
— ABC News (@ABC) May 4, 2018