Американскиот претседател Џо Бајден вчера го пречека индискиот премиер на црвениот тепих пред Белата куќа, сето тоа во обид да ги подобри односите меѓу Индија и САД со одбранбени и трговски договори во време на се понаметливата Кина.
Сепак, ништо немаше да биде необично доколку американскиот претседател не направеше гаф, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит.
Имено, Бајден ја крена раката и ја стави на срцето на првите звуци од интонирањето на индиската национална химна. Набрзо сфати дека тоа не е американската, па полека почнал да ја спушта раката по телото.
Biden, alongside Indian Prime Minister Narendra Modi, slowly lowers his hand from his heart after realizing they’re playing the Indian national anthem first pic.twitter.com/hcb0cpjFmN
— RNC Research (@RNCResearch) June 22, 2023
Во еден момент Бајден му се обратил на Моди со „претседател“, а потоа брзо се поправи и му се обрати со „премиер“.