Индиска тинејџерка се бори за живот откако била силувана, полеана со безнин и запалена, соопшти локалната полиција, додавајќи дека ова е втор ваков случај во последните неколку дена.
– Девојчето има изгореници од прв степен на 70 проценти од телото, изјави полициски началник од округот Пакур во државата Џарханд.
Инцидентот се случил во петокот, кога во истата држава бил извршен сличен напад кој ја згрози јавноста.
(Миа)