четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нова акција на Фемен во Париз во знак на солидарност со Украина

Нова акција на Фемен во Париз во знак на солидарност со Украина

 

Ден по демонстрациите на кои собраа речиси 16.000 луѓе во Париз за поддршка на Украина, група од феминистичкото движење Фемен се состана денеска напладне во паркот на Ајфеловата кула да го изрази својот протест против руската инвазија во Украина, јави дописникот на МИА.

Со голи гради во боите на Украина, мавтајќи со жолти и сини чадни бомби и транспаренти, феминистките извикуваа „солидарност со Украина“, повикувајќи ја Европската унија да ја направи оваа земја „28-ма“ земја членка. (МИА)