Сепаратистите, на власт во Нова Каледпонија од февруари, побараа од државата да го организира третиот и последен референдум за независност на Нова Каледонија предвиден со договорот од Нумеа (1998), јави дописникот на МИА.
Политичкото биро (БП) на коалицијата за независност усвои овој четврток „унитарен пристап“ што се состои од испраќање до Високиот комесар на Република едно единствено писмо, потпишано од двете групи на ФЛНКС во Конгресот, УНИ и УЦ(Каледонска унија ), изјави Виктор Тутугоро, член на БП.