недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови детали за смртта на малата Лола која го крена Париз на нозе, на телото на девојчето пронајдени два броја

Нови детали за смртта на малата Лола која го крена Париз на нозе, на телото на девојчето пронајдени два броја

Француските медиуми објавуваат нови детали околу бруталното убиство на 12-годишното девојче Лола во петокот вечерта во Париз, чие тело беше пронајдено во куфер на улица недалеку од зградата во која живееше со родителите.

Откако во петокот не се вратила од училиште, нејзините родители ја алармирале полицијата и почнале да ја бараат. Во саботата вечерта бездомник го пронашол телото во куфер на улица.

Нејзината мајка претходно објавила слика на Фејсбук од девојчето и жената за која се верува дека ја намамила и киднапирала.

-Внимание! Нашата ќерка Лола е киднапирана. Последен пат е видена со девојка која не ја познаваме на влезот од нашата зграда. Ве молиме помогнете ни!, напишала мајката која објавила и скриншот од надзорната камера.

На видеото се гледа како девојчето влегло во зградата во друштво на жена непозната за нејзините родители, но никогаш не стигнала до нејзиниот стан по враќањето од училиште. Полицијата во подрумот пронашла траги од борба, селотејп и скалпел.

Претходно беше објавено дека непозната жена побарала помош од девојка околу куферот, но BFMTV подоцна објави дека очевидци рекле дека жената од видеото побарала помош од нив за тешкиот куфер и дека и помогнале да го однесе до автомобилот. Тврдат и дека ја виделе како купува кроасан. Во тоа време, се верува дека во нејзиниот куфер било телото на малото девојче.

Телото на девојчето во петокот околу 23 часот и 30 минути го пронашол бездомник кој го отворил куферот. Лицето и било покриено со селотејп лента, грлото наводно и било пресечено, а обдукцијата утврдила дека причина за смртта е задушување.

BFMTV пишува дека на телото на девојката биле испишани два броја – 1 и 0. Засега никој не знае што значи тоа.