Околу 21.40 часот по локално време се слушнале серија експлозии на периферијата на Киев, јавува екипата на Си-Ен-Ен која е на терен.
Претходно воздушните напади биле насочени кон Киев и го погодија споменикот на холокаустот Бабин Јар, изјави шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.
Споменикот се наоѓа во близина на киевската ТВ кула, која исто така беше оштетена во денешните напади на руските сили, објави Си-Ен-Ен.