сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови отпуштања во германски Тисенкруп поради последиците од коронавирусот

Нови отпуштања во германски Тисенкруп поради последиците од коронавирусот

Германската групација Тисенкруп (Thyssenkrupp) денеска соопшти дека ќе укине дополнителни 5.000 работни места во текот на следните три недели, а претходно најави укинување на 6.000 работни места поради последиците од Ковид-19 врз нејзиниот бизнис во 2019-2020 година.

– За да се соочи со последиците од пандемијата на Ковид-19, Тисенкруп мора да укине вкупно 11.000 работни места, се вели во соопштението на групата.

Конгломератот, кој веќе неколку години е во криза, почна голема реорганизација во 2019 година, што првично требаше да опфати намалување на 6.000 работни места.

– Оваа година веќе заминаа речиси 3.600 луѓе. Но, пандемијата е огромен тест и ја влоши ситуацијата во групата, изјави извршната директорка Мартина Мерц.

Тисенкруп регистрира 16 проценти пад на приходите во деловната 2019/2020 година на 35,4 милијарди евра и оперативна загуба од 860 милиони евра.