петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Новинарите нема да плаќаат по 50 евра за влез на ЕУ самит

Новинарите нема да плаќаат по 50 евра за влез на ЕУ самит

Белгиските власти најавија откажување од планот на новинарите при поднесување барање за следење ЕУ самит во Брисел да им се наплаќаат трошоци за проверка од 50 евра.

– Тоа е навистина добра вест бидејќи новинарите во Брисел кои сакаат да присуствуваат на претстојните европски самити во октомври и декември нема да мора да плаќаат надомест од 50 евра, изјави Том Веингартнер, претседател на  Меѓународното здружените на медиуми (ИПА).

Откажувањето од првобитниот план за наплата на такса за безбедносни процедури ќе бара и измена на белгиски закон усвоен во февруари 2018 година. ЕС ги извести ИПА дека постгоечките 6-месечни акредитации за самити на ЕУ во Брисел во 2019 година ќе бидат заменети со годишни акредитации по една безбедносна проверка за која нема да се плаќа надомест.