Украина спрема 12 бригади за да започне со контраофанзивата против руската војска, соопшти весникот Њујорк тајмс повикувајќи се на протечените доверливи документи на Пентагон.
-Украина се подготвува да започне со контранапад против руската војска веќе следниот месец, се вели во прилогот.
Според објавените документи на Пентагон, кон крајот на април треба да бидат спремни 12 украински воени бригади со бројност од околу 4.000 војници секоја.
Весникот истакнува дека воената операција се очекува да се одвива во јужен правец, вклучително и долж крајбрежјето на Азовско Море.