среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обид за убиство на новиот претседател на Боливија: Му фрлиле динамит во седиштето на партијата

Обид за убиство на новиот претседател на Боливија: Му фрлиле динамит во седиштето на партијата

Динамитот бил фрлен во моментот додека во зградата се одржувал состанок.

На седиштето на партијата на новиот претседател на Боливија, Луис Арсе, бил фрлен динамит во моментот кога внатре во тек бил состанок, но, за среќа, никој не бил повреден.

Инцидентот се случил откако десничарските групи започнале штрајк поради резултатите од претседателските избори одржани на 18-ти октомври со цел парализирање на државата неколку дена пред инаугурацијата на Арсе.

Портпаролот на Движењето за социјализам, Себастијан Мичел, по овој инцидент ги критикувал безбедносните служби затоа што не го штителе новоизбраниот претседател, пренесуваат светските медиуми.

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес на Твитер го осудил нападот и истакнал дека мали групи се обидуваат да креираат клима на збунетост и насилство, но дека нема да успеат во тоа.

Арсе ги победил ривалите обезбедувајќи 55,1 процент од гласовите. Главен противник му бил Карлос Меса, кој добил 29 проценти од гласовите.