понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ВПЕРЕНИ ВО КОВЧЕГОТ НА КРАЛИЦАТА – започна поворката која ќе помине 280 километри пред да се врати дома! (ФОТО+ВИДЕО)

ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ВПЕРЕНИ ВО КОВЧЕГОТ НА КРАЛИЦАТА – започна поворката која ќе помине 280 километри пред да се врати дома! (ФОТО+ВИДЕО)

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска.

Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.

Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.

Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне.