недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од Источна Гута евакуирани речиси 80.000 лица

Од Источна Гута евакуирани речиси 80.000 лица

Од почетокот на хуманитарната операција во реонот на Источна Гута минатата недела, од оваа бунтовничка енклава во близина на сирискиот главен град Дамаск се евакуирани вкупно 79.702 лица, од кои најголем број деца, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се посочува дека само во текот на вчерашниот ден преку воспставените хуманитарни коридори, од овој реон биле евакуирани 6.046 цивили.

Во меѓу време, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права информира дека при вчера воздушен напад на сириските владини сили врз Источна Гута, загинале 17 цивили – 15 деца и две жени, а над 50 лица се повредени.

Според истиот извиор, нападот бил извршен врз училиште во местото Арбин, јужно од Дамаск, каде времено биле смесетни група бегалци.

Сириските владини сили на 18 февруари започнаа офанзива против бунтовничките сили во реонот на Источна Гута и дсоега прездоа конрола врз над 80 проценти од територијата на енклавате.

Во тој период во реонот загинаа над 1.400 лица, меѓу кои и 300 деца и 200 жени, Во исто време, при напади врз Дамаск од територијата на Источна Гута животите ги загубуја околу 50 цивили.