сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од минута во минута: Најнов биланс – во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

Од минута во минута: Најнов биланс – во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

Турција утринава околу 4 часот по локално време, беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Најмалку 3.000 луѓе загинаа во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Вкупниот број на повредени сега е поголем од 15.500, врз основа на информации од различни новински агенции.

Најмалку 13.293 луѓе се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија. Во Сирија, според последните податоци, загинале 1.073 лица.

Турската Агенција за справување со катастрофи соопшти дека во Турција загинале најмалку 2.316 луѓе.
Македонските дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Телеграми со сочувство пристигнуваат од целиот свет, а голем број земји и организации најавија помош за Турција. Конретна помош е најавена и од Македонија.

Најнов биланс: Во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

Чудо во Турција: Ѕвездата Кристијан Атсу пронајден ЖИВ под урнатините!

Најмалку 5.606 згради се урнаа за време и по земјотресот, јавува турската агенција

Најмалку 1.000 жртви во земјотресот во Сирија

Ердоган прогласи седумдневна жалост

ЧУДО ВО СИРИСКИОТ ГРАД АЛЕПО: Жена се породила под урнатините – бебето живо и здраво, но мајката не го преживеала земјотресот (ВИДЕО)

Зошто земјотресот во Турција беше толку смртоносен и што го предизвика?

Над 2300 загинати по земјотресите – најсилниот со јачина од 7.8 степени според рихтер

Алепо меѓу најпогодените градови во земјотресот во Сирија

Петмина спасувачи од Битола во тимот за спасување кој заминува за Турција

Турските студенти се мобилизираа во Скопје – собираат помош за преживеаните од земјотресот

Десетина спортисти се водат за исчезнати во турскиот земјотрес

Бајден одобри итен одговор на САД за помош по земјотресот во Турција

Македонија на нога: Помош за Турција и Сирија – еве каде и како може да помогнете

Бебе извлечено од урнатините од разорниот земјотрес (ФОТО)

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Човек заглавен виси од зграда и вика помош: Морничави снимки од Турција по земјотресите

ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ТАГА: Турскиот голман пронајден мртов под урнатините од земјотресот

Бебе извлечено од урнатините од разорниот земјотрес (ФОТО)

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Човек заглавен виси од зграда и вика помош: Морничави снимки од Турција по земјотресите

Славески: Закажана е вонредна седница на Советот на Град Скопје за носење одлука за помош на настраданите од земјотресот во Туркије и Сирија, за во среда, 8 февруари

Тедрос: СЗО ја активираше мрежата од екипи на Итна медицинска помош во Турција и Сирија

Поранешниот играч на Челси затрупан под рушевините во Турција: Вчера даде гол за победа, денеска се молат за него

Над 2.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Турција бара од НАТО медицински персонал и теренски болници

Грција испраќа спасувачки тим во Турција

Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ едногласни: На вонредна седница ќе се одлучува за помош на настраданите од земјотресот во Турција

ЗАСТРАШУВАЧКА АНИМАЦИЈА: Како земјотресот во Турција ја потресе цела Европа (ВИДЕО)

ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ – едниот со потешки повреди, еве ги деталите за останатите шест и нивниот ментор!

Македонија ќе испрати конкретна помош во Турција

ВИДЕО: Згради се рушат при тв вклучување во живо, драматични снимки од вториот силен земјотрес во Турција

Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ

ВИДЕО: По разорниот земјотрес во Турција експлодираше гасовод

Турција: Училиштата во 10 градови и покраини се затвораат на една недела

Расте бројот на загинати: Досега 1.200 жртви во земјотресот во Турција, над 5.300 повредени

НОВ ШОК ВО ТУРЦИЈА: Два силни земјотреси од 7,7 и 6 степени

Берлин, Париз и Варшава ветија помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

ПРЕД ТРИ ДЕНА ГО ПРЕДВИДЕЛ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Објавил предупредување, но никој не го сфаќал за сериозно – денес веќе е доцна! (ФОТО)

ВИСТИНСКА ТРАГЕДИЈА: Најмалку 670 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и во Сирија

По земјотресот во Турција и Сирија, Борел најави помош од ЕУ, се приклучија и други земји

Екс хрватски голман со шокантна исповед за земјотресот во Турција кој траел повеќе од 1 минута

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата

Мицкоски со телеграма со сочувство до Турција и турскиот народ за жртвите од земјотресот

ТУРЦИЈА ВО КОЛАПС – откажани стотици авионски летови кон Истанбул!

По силниот земјотрес во Турција, МНР во контакт со Амбасадата на Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул

ИСТОРИСКАТА ТВРДИНА СТАРА 2.200 ГОДИНИ СРАМНЕТА СО ЗЕМЈА – земјотресот го уништи Газиантеп, еве како изгледал претходно (ВИДЕО)

Сочувство од Пендаровски до Ердоган по силниот земјотрес

ВИДЕО: Неколку деца спасени од под урнатините во повеќе градови во Турција и Сирија

Близу 80 потреси по разорниот земјотрес во Турција, еве со која јачина се

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ: Први снимки од разорниот земјотрес во Турција, плач и лелеци од жителите

Расте бројот на загинати во земјотресот во Турција

ТЕШКА НОЌ: Земјотрес од 7,8 степени ги тресеше Турција и Сирија, најмалку 138 загинати