четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од сон станаа и се спакуваа – хаос во метрото во Киев, луѓето со солзи во очите очајно бараат да заминат од градот (ФОТО)

Од сон станаа и се спакуваа – хаос во метрото во Киев, луѓето со солзи во очите очајно бараат да заминат од градот (ФОТО)

Откако утрово рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека одлучил Русија да покрене специјална воена операција во Донбас, социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од уплашеното население.

Метеж има насекаде, во метрото во Киев, на Аеродромот, низ улиците…

Украинската војска соопшти дека денес одобрила пет руски авиони и еден хеликоптер во Лаганската област, а амбасадорите на НАТО ќе одржат вонредно заседание во текот на утрово, објавува Ројтерс.

Инаку на социјалната мрежа Твитер од утрово се шират застрашувачки видеа и фотографии од гранатирањето во Украина.