петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од Украина испловиле уште два брода со житарици

Од Украина испловиле уште два брода со житарици

Уште два брода со житарици денеска тргнаа од Украина за Турција, јавува агенцијата Анадолија.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека два брода со житарици испловиле од украинското пристаниште Черноморск.

Тие се упатија кон Истанбул каде ќе се изврши инспекција.

На 22 јули, Обединетите нации, Украина, Турција и Русија потпишаа договор за обновување на снабдувањето со украински житарици од црноморските пристаништа Јужни, Черноморск и Одеса.

Претходно, транспортот на житарици од Украина преку Црното Море беше невозможен, поради руската воена блокада.

Испораките ги надгледува заедничкиот координативен центар во Истанбул, во кој учествуваат претставници од ОН и од трите земји.