недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одбиена тужбата на Трамп во Пенсилванија

Одбиена тужбата на Трамп во Пенсилванија

Федералниот суд во американската сојузна држава Пенсилванија ја отфрли тужбата со која тимот на претседателската кампања на Доналд Трамп побара поништување на неколку милиони гласови добиени по пошта на претседателските избори на 3 ноември.

Американските медиуми оценуваат дека пресудата донесена од судијата Метју Бран е последна во низата удари за Трамп во неговите неуспешни напори да ги оспори резултатите од изборите во ноември, кои ги загуби од демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Брен ја опиша тужбата на тимот на Трамп како климав случај, исполнет со шпекулативни аргументи без основа.

Би Би Си објави дека Бајден освоил 80.000 гласови повеќе од Трамп во Пенсилванија.

Според сегашните проекции, Бајден освои 306, а Трамп 232 електорски гласови, што го одредува победникот. Потребни се 270 електорски гласови за влез во Белата куќа.