Властите на Танзанија денеска објавија дека планираат да вклучат хеликоптери во гаснењето на пожарот што гори веќе пет дена на Килиманџаро, бил посилен отколку што првично мислеле и дека се евакуирани групите планинари.
Сè уште се бориме со огнот. Работата е потешка отколку што претходно мислевме. Предизвик се силните ветрови, сувата трева и вегетацијата”, објави на Твитер министерот за туризам на Танзанија, Хамиси Кигвангала.
-Откако ќе ги исполниме денешните задачи, можеме да започнеме со употреба на хеликоптери и авиони за гаснење на пожарот, додаде тој.
Во меѓувреме, странските планинари биле евакуирани во текот на ноќта, соопштиле група планинарски водачи.
-Освен мојата швајцарска група, имаше уште пет до шест други групи кои мораа да ги расклопат шаторите на полноќ, рече Хенинг Шмит, германски водич за највисокиот врв во Африка, додавајќи дека пожарот се шири сè повеќе.
Сателитските фотографии покажуваат јасно ширење на пожарот, а група германски, австриски и швајцарски планинари денеска потврдија дека има силен ветер и дека дебел слој пепел ги покрива нивните шатори.
-Овде има премногу чад. Се плашиме од труење со јаглерод моноксид, изјави Деби Бахман за агенцијата Дпа, додавајќи дека таа и групата алпинисти што ги предводи ќе престанат со искачувањето.
Пожарот избувнал во неделата, а властите соопштија дека се изгорени 28 квадратни километри вегетација.
Официјалните лица велат дека околу 500 луѓе работат на гаснењето на пожарот.