петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Океански викинг“ се закотви во Франција

„Океански викинг“ се закотви во Франција

Спасувачкиот брод „Океански викинг“ денеска се закотви во пристаништето Тулон во јужна Франција со 230 мигранти чија судбина предизвика дипломатски спор меѓу Франција и Италија.

Од „Океански викинг“ (Ocean Viking) се симнаа мигранти кои ќе бидат подложени на здравствена и безбедносна проверка во воената база, изјави Вар Ивенс Ричард, префект од регионот Вар. Тој рече дека мигрантите во придружба на полиција ќе бидат пренесени во одморалиштето Гиенс, каде што ќе започне постапка за пријавување азил.

Меѓу мигрантите од Еритреја, Египет, Сирија, Бангладеш, Пакистан и други земји има 57 деца, од кои најмалото има три години, а повеќе од 40 се без придружба, соопшти европската спасувачка група „СОС Медитеран“ која управува со бродот.

Некои од тие луѓе беа спасени во Средоземното Море пред три недели, соопшти групата.

Бродот стана причина за препирања меѓу Франција и Италија бидејќи италијанската премиерка Џорџа Мелони дозволи три други приватни поморски спасувачки бродови да се закотват во Италија, но го одби Океански Викинг, тврдејќи дека Франција ќе го преземе, иако француската влада тогаш јавно не го кажа тоа.