Околу 39.000 луѓе, од кои 10.700 цивили, се убиени во војната во Сирија во 2017 година, соопшти невладиниот Сириски центар за човекови права.
Според нив, меѓу загинатите се 2.109 деца и 1.492 жени. Во таа цифра се 2.932 владини војници и 7.494 екстремисти главно од ИД и Џебхат Фатах ал- Шам, позната како Џебхат ал- Нусра, поранешен клон на Ал Каеда.
Убиени се најмалку 212 припадници на либански Хезболах, сојузници на сириската Влада.
Во 2016 година биле убиени 49.742 лица во Сирија. Од почетокот на конфликтот во Сирија загинале над 494.000 луѓе.