Светската програма за храна на ОН беше принудена да ги намали оброците за четири милиони Авганистанци овој месец поради недостиг на средства во услови на голема хуманитарна криза во земјата, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата.
„Поради финансиски ограничувања, најмалку четири милиони луѓе ќе добијат само половина од она што им е потребно за да преживеат во март“, се вели во соопштението и се додава дека на Агенцијата за храна на ОН итно и се потребни 93 милиони долари за да обезбеди доволно оброци за 13 милиони луѓе. во Авганистан.
Откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, Авганистан, што важи за сиромашна земја, западна во уште подлабока финансиска криза, а странските влади ги намалија инвестициите за развој и воведоа санкции врз банкарскиот сектор.
Некои официјални претставници, вклучително и оние во Обединетите нации, изразија загриженост дека донаторите ќе се повлечат од големата програма за хуманитарна помош поради одредени забрани за жените воведени под талибанската администрација минатата година.
Обединетите нации проценуваат дека околу 90 отсто од Авганистанците не можат да си дозволат доволно храна.