Обединетите нации очекуваат бродовите со храна да ги напуштат украинските пристаништа во четврток, изјави координаторот на ОН за договорот за извоз на жито, Амир Абдула.
-Извозот на жито и прехранбени производи од Украина треба да продолжи. Иако за 2 ноември не беше планирана пловидба, очекуваме натоварените бродови да испловат во четврток, напиша Абдула на Твитер, а пренесе Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека повторното пристапување на Русија кон договорот за жито е можно по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции на Украина.
Русија во саботата објави дека го суспендира учеството во договорот за жито.