петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН очекуваат дека од Украина ќе побегнат десет милиони луѓе

ОН очекуваат дека од Украина ќе побегнат десет милиони луѓе

ОН очекуваат руската инвазија на Украина да предизвика егзодус на десет милиони луѓе.

Од тој број, околу четири милиони луѓе би можеле да побегнат во соседните држави, но тоа е само проценка, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Засега не е познато колку луѓе се раселени во Украина и уште колку ќе бидат раселени.

Еден милион луѓе ја напуштија Украина во неделата од почетокот на руската инвазија, изјави високиот комесар за бегалци Филипо Гранди.

„Тоа е најбрзиот егзодус што сум го видел во последните 40 години работа. Секој час, секоја минута, преплашени луѓе бегаат од насилството“.

Според официјалните податоци, од еден милион украински бегалци, 575.000 привремено нашле засолниште во Полска.